- Учесникот во Лигата на шампионите, унгарскиот Дебрецин, објави дека на крајот на сезоната ќе се раздели со десниот бек Симонета Планета и со десното крило Маријана Коста. Планета по камбекот во татковината ја игра втората сезона во Дебрецин, додека Коста е повредена и нема да игра до крајот на оваа сезона.
- Рајн Некар Левен објави дека се потпишани договори со двајца германски репрезентативци кои ќе бидат дел од претстојното ЕП. Станува збор за средниот бек на Гепинген, Себастијан Хајман и левото крило на Бергишер, Тим Нотдурфт, а во Манхајм ќе се преселат на лето.
- Унгарката Ноеми Хафра, ракометарка на Ѓер, која беше позајмена на Будуќност, по половина сезона си заминува од црногороскиот првак поради малата минутажа. Лани не се наигра ниту во данскиот Оденсе, па ќе се обиде да ја рестартира кариерата во германскиот Битигхајм.
- Левиот бек Николај Лесо по две сезони ќе си замине од португалскиот шампион Порто. Тој потпиша договор со Бјерингро Силкеборг на три години и ќе биде дел од амбициозниот проект, кој пред неколку дена се засили и со Мортен Олсен.
- Левото крило Тилен Кодрин ја продолжи соработката со бундеслигашот Гумерсбах за уште две сезони и ќе остане во тимот на Гудјон Валур Сигурдсон до 2026 година. Словенечкиот интернационалец игра во тандем со Црногорецот Милош Вујовиќ.
- Францускиот лев бек Адама Сако, кој го засили словачкиот шампион Татран Прешов во текот на летото, иако имаше активен договор, тој беше продолжен за уште две сезони и ќе остане до 2026 година.