Ракометарите на Барселона во натпревар од 10. коло од Лигата на шампионите на свој терен беа убедливи против Целје со девет гола разлика, 39:30.
Барселона есенскиот дел од елитата ќе го заврши на лидерското место во групата Б со 16 бода, додека Целје останува на дното на табелата без бодови.
Каталонскиот гигант немаше многу проблеми, на полувреме замина со 21:13 и рутински ги одработи вторите 30 минути.
Одлична партија во дресот на Барселона имаше Мелвин Ричардсон, постигна девет погодоци од исто толку обиди.
Кај Целје прв стрелец беше Тим Цокан со осум погодоци, еден помалку имаше Анте Иванковиќ.