Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер денес ќе има нов предизвик во Лигата на шампионите.
Пелистерци во рамки од 10. коло од европската елита за ривал го имаат тимот на Загреб.
На првата меѓусебна пресметка сезонава „плинарите“ триумфираа со девет гола разлика, 27:18.
Еурофарм Пелистер во досегашниот тек од сезоната не освои ни бод, додека Загреб на свое конто има 8 бода.
Со натпреварот меѓу Борец и Пролет ќе започне елиминациското коло во Купот на Македонија.
Денес ќе играат уште Прилеп и Јехона, односно Куманово и Текстилец, па така се очекува сите три суперлигаши без многу проблеми да го обезбедат местото во следната рунда.
Ракометарките на Вардар во рамки од 11. коло од единственото женско сениорско натпреварување во Македонија за ривал го имаат Спартак.
На програмата на Светското првенство 2023 ќе има вкупно шест натпревари од главната фаза и три натпревари од Президент Купот.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
13:00 ЧИЛЕ – ИРАН (СП)
15:30 КИНА – ПАРАГВАЈ (СП)
15:30 ЦРНА ГОРА – ХРВАТСКА (СП)
15:30 СРБИЈА – ПОЛСКА (СП)
17:00 МЕШКОВ БРЕСТ – ГОМЕЛ (БЕЛОРУСИЈА)
18:00 ГРЕНЛАНД – ИСЛАНД (СП)
18:00 ГЕРМАНИЈА – РОМАНИЈА (СП)
18:00 СЕНЕГАЛ – УНГАРИЈА (СП)
18:30 СПАРТАК – ВАРДАР (МАКЕДОНИЈА)
18:30 БОРЕЦ – ПРОЛЕТ (МАКЕДОНИЈА)
18:45 АЛБОРГ – ПСЖ (ЛШ)
18:45 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ЗАГРЕБ (ЛШ)
19:00 ГУМЕРЗБАХ – ХАМБУРГ (БУНДЕС)
19:30 ПРИЛЕП – ЈЕХОНА (МАКЕДОНИЈА)
20:00 КУМАНОВО – ТЕКСТИЛЕЦ (МАКЕДОНИЈА)
20:00 СЕНТ РАФАЕЛ – ЛИМОЖ (ФРАНЦИЈА)
20:30 ДАНСКА – ЈАПОНИЈА (СП)
20:30 ШВЕДСКА – КАМЕРУН (СП)
20:45 БАРСЕЛОНА – ЦЕЛЈЕ (ЛШ)
20:45 ПОРТО – МАГДЕБУРГ (ЛШ)
20:45 ВИСЛА – ВЕСПРЕМ (ЛШ)