Некогашната ракометарка на Вардар и екс германска репрезентативка, Ања Алтхаус, ќе добие улога и во машката сениорска репрезентација на Македонија.
Tаа ќе биде медиа менаџер на македонската делегација во Германија, каде што момците на Кире Лазаров ќе настапат на Европското првенство.
Алтхаус е дел од стручниот штаб на женската репрезентација на Македонија, каде што соработува со Кристијан Грчевски и Едуарда Аморим Талеска.
Во зенитот на играчката кариера Алтхаус беше дел од Вардар, настапи на Ф4 во Лигата на шампионите со македонскиот клуб, а потоа се пресели во Ѓер каде ја одигра последната сезона од кариерата и ја заврши со европска титула.
Во Македонија беше дел од тимот на Скопје, а работеше и со Златко Мојсоски во женската репрезентација во ракомет на плажа.
Машката репрезентација на Македонија на ЕП е во група со велесилите Германија и Франција, како и со селекцијата на Швајцарија.