Селекторот на машката репрезентација, Кире Лазаров, го објави поширокиот список на ракометари, од кој ќе се бираат патниците на претстојното ЕП во Германија.
На поширокиот список на Лазаров има 35 ракометари и меѓу нив нема поголеми изненадувања, но има едно непознато име за македонската јавност – Николас Најденовски, кој е роден 2006 година.
Македонија е во група со велесилите Германија и Франција, како и со Швајцарија, а првиот меч е на 10 јануари во Диселдорф против Франција.
Пред Европското првенство, Македонија ќе одигра две пријателски средби против Грција, како и една против Црна Гора.