Селекторот на женската сениорска репрезентација на Франција, Оливие Крумболц, го објави конечниот список за настап на Светското првенство 2023, кое ќе стартува на 29 ноември, односно утре.
Од златната генерација на Франција, која на Светското првенство 2017 го освои златниот медал, се наоѓаат и искусните Грас Заади, Лаура Флипес, Орлан Канор и Естел Мзе Минко.
Како што е познато, средниот бек Њосан Ниомбла го промени националниот тим и во иднина ќе го носи дресот на Сенегал, но нејзиното отсуство нема да биде голем проблем за „триколорките“, бидејќи имаат квалитетен ростер за висок пласман.
Франција во групната фаза ќе игра со репрезентациите на Словенија, Ангола и Исланд. Искуството и квалитетот е на страната на Франција, па така се очекува избраничките на Крумболц да ја освојат првата позиција во својата група.
Франција првиот дуел на Светското првенство ќе го одигра на 30 ноември против Ангола, потоа на 2 декември ја очекува дуел со Исланд, додека на 4 декември ќе игра против најголемиот ривал за првата позиција, репрезентацијата на Словенија.