Голманот на Охрид, Даниел Ѓорѓески, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 11 коло од Супер лигата.
Македонскиот чувар на мрежата беше меѓу најдобрите поединци на гостувањето кај Еурофарм Пелистер 2 во Битола.
Голманот освои 39% од гласовите, а прв конкурент му беше Бојан Спасовски, кој имаше 22% од гласовите.
Номинирани за МВП на 11. коло беа уште Мартин Карапалевски, Јовица Младеновски, Ани Обина, Петар Атанасијевиќ и Филип Арсеновски.