Вториот суперлигашки тим од Битола, Еурофарм Пелистер 2 се врати во игра за место во плејофот на две кола до крај на групната фаза откако триумфираше во Скопје кај Аеродром, 27-26 (13-12). Со триумфот направија брејк за бодовите што ги загубија на нивниот прв меѓусебен меч во Битола во октомври (40-38). На средбата во Скопје имаше вкупно 22 седмерци, од што осум останаа нереализрани. Домаќините имаа 14 шанси, а постигнаа 10 гола, а гостите од осум обиди шетирипати дадоа гол.
Водеа гостите со 19-13 во 40 минута, а на крајот израмни Аеродром на 26-26 во 57 минута. Имаа шанса домаќините барем да освојат бод, но последниот напад не го завршија, и борбените гости ја освоија топката, со што пропадна можноста Аеродром барем да има плус бод на своето конто.
Сега битолчани имааат 12 бода, еден помалку од Аеродром и шест помалку од Струга. Теоретски сите три екипи имаат можност да се изборат за место во разигрувањето за титулата. До последното коло ќе има многу комбинации и теории.
До крај на групната фаза Аеродром е домаќин на Охрид, а во последното коло игра на гости во Струга. Еурофарм Пелистер 2 веќе во следното коло е домаќин на Струга, и во последното коло гостува кај Куманово. Струга пак во следното коло гостува во Битола, а во последното го пречекува Аеродром.
Покрај изедначената игра и бројните израмнувања, првото полуврме од натпреварот го карактеризираа и 13-те седмерци, од што девет беа за домаќините, а четири за гостите. Битолчани одбранија два пенали, а кај домашните два пенали завршија во голманската рамка. Гостите поведоа со 3-1, па домаќините возвратија со водство 6-5.
Потоа пак Еурофарм Пелистер 2 водеше, и со два гола, се до последната минута кога Наум Костов израмни на 12-12. Во последните секунди од пенал погоди Мирче Калајџиоски за водство 13-12.
Во вториот дел водеше постојано Еурофарм Пелистер 2, но та предност почна полека да се топи, и во самата завршница беше врем за драма. Откако Аеродром израмни на 26-26, потоа Никола Кизиќ одбрани пенал давајќи им надеж на домаќините за победа, Ама нападот не реализираше, а потоа Стефан Трпчевски го даде победничкиот гол. Имаше 50-тина секунди за напад, но немаше акција за удар.
Кај домаќините Наум Костов постигна 12 гола од што осум од пенал, а четири додаде Филип Пајкоски. Во победничкиот тим, осум погодоци запиша Мирче Калајџиоски, а шест даде Ненад Белистојановски.
ТАБЕЛА А ГРУПА