Црногорскиот шампион Ловќен, каде што игра македонскиот интернационалец Бојан Маџовски, забележа нова победа во домашното првенство.
На домашен терен во Цетиње, Ловќен славеше против Рудар Плевља со 35-28, што беше осми триумф во осмиот натпревар.
Левото крило од Македонија беше втор стрелец на овој натпревар и успеа да постигне шест погодоци во мрежата на гостите од Плевља.
Ова беше добро загревање за Маџовски и Ловќен пред натпреварот од Лигата на Европа против норвешкиот Елверум.
До крајот на 2023 година, црногорскиот шампион го очекува уште еден меч од домашното првенство и од ЛЕ.