Младинци: Бутел го реши Вардар, Пролет триумфално кај Охрид, Голден Арт според планот

Изминативе денови се комплетираше 8. коло во младинската лига во машка конкуренција.

Братскиот двобој меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Еурофарм Пелистер го доби вториот битолски тим со резултат 31-26. Најефикасен кај Еурофарм Пелистер 2 беше Стефан Трајчевски со 14 погодоци, додека кај екипата на Еурофарм Пелистер најефикасен беше Владимир Ацковски со 10 погодоци.

Тесна битка се водеше меѓу Овче Поле и Алкалоид, каде дуелот го доби гостинската екипа со минимални 24-25. Иако на полувреме Овче Поле имаше водство од 14-9, сепак во второто полувреме домаќинот попушти и Алкалоид успеа да се врати, па на крај да триумфира. Најдобар стрелец кај Овче Поле беше Лука Ефремовски со девет гола, додека кај екипата на Алкалоид најдобар стрелец беше Бобан Поповски со шест гола.

Голден Арт ја оправда фаворитската улога против Тиквеш, откако на домашен терен беше подобар до високи 47-33. Предводник во победата на Голден Арт беше Петар Стојаноски со 17 гола, а Кристијан Стаменковиќ додаде уште десет гола, додека кај екипата на Тиквеш најефикасен беше Славчо Шулески со 12 гола.

Бутел Скопје триумфално против Вардар со 30-21. Кај Бутел Скопје најдобар беше Марко Каевски со осум гола, додека кај екипата на Вардар најдобар беше Давид Најдовски со девет гола.

Младост Богданци забележа победа против Прилеп со конечни 41-32. Најефикасен кај Младост Богданци беше Душан Каркалашев со 12 погодоци, додека кај екипата на Прилеп најефикасен беше Давид Трајкоски со 10 погодоци. Пролет славеше на гостувањето кај Охрид со 30-27.

На табелата лидер е Мулти Есенс со 21 бод, додека на делба на второто место се Голден Арт и Пролет со по 19 бодови,

Младинци, 8. коло, резултати:

Прилеп – Младост Богданци 32-41
Овче Поле – Алкалоид 24-25
Голден Арт – Тиквеш 47-33
Охрид – Пролет 27-30
Еурофарм Пелистер 2 – Еурофарм Пелистер 31-26
Бутел Скопје – Вардар 30-21
Мулти Есенс слоб.