Нова „40-ка“ на Веспрем, по вторпат го „наполни“ Целје

Унгарски Веспрем продолжува да ги „полни до врв“ мрежите на своите ривали, и трето коло по ред дава 40 или повеќе голови. Во, 8 коло „настрада“ Целје, во меч што заврши со триумф од 41-31 во корист на унгарскиот првак. Претходно, Веспрем исто така беше ефикасен и на гости во Словенија, и на гости во Барселона.

Со новиот триумф, седми Веспрем останува лидер на табелата во Б групата нба ЕХФ лигата на шампионите, и воедно се тим со најмногу постигнати голови, 290 на осум натпревари.

Пет минути траеше „неизвесноста“ во Веспрем. Потоа домаќините доминираа, и на терен и според резултатот. Гостите израмнија на 4-4 во 5 минута, по што Унгарците „отидоа“ на 7-4, па на 12-6 во 14 минута. Период во кој беше решено се. На полувреме предноста во корист на Веспрем беше 22-15.

Само што почна второто полувреме во 37 мионута првпат предноста за Веспрем беше „плус 10“ за 27-17. Намали потоа Целје на „подносливи“ седум гола негатива, па Веспрем „подигна“ на 12 гола разлика, 39-27. Но, на крај десетката остана во корист на домашните ракометари.

Кај Веспрем најефикасен беше Гашпер Маргуч со 6 гола, а по пет дадоа Лукас Сандел и Сергеј Косоротов. Со 10 гола кај Целеј напрецизен бепше Митја Јанц.

Во следното коло се игра дербито на групата, Барселона гостува во Унгарија кај Веспрем.