Денес ќе биде комплетирано 8. коло во Лигата на шампионите во машка конкуренција.
На денешната програма ќе бидат одиграни пет дуели, три ќе бидат во терминот од 18:45 часот, додека два во 20:45 часот.
Свој настап ќе има и голманот на репрезентацијата на Македонија, Никола Митревски, кој со Порто ќе го пречекаат Монпелје.
Двете екипи, кои на табелата во Б групата имаат по шест бода, се сретнаа во претходниот викенд, тогаш бодовите ги освои францускиот тим, откако триумфираше со 35:24.
Порто со евентуална победа над Монпелје ќе ги зголеми шансите за пласман во осминафиналето во европската елита.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
14:00 АВСТРИЈА – ПОРТУГАЛИЈА (ПРИЈАТЕЛСКИ)
16:30 РОМАНИЈА – ШВАЈЦАРИЈА (ПРИЈАТЕЛСКИ)
16:45 ПОЛСКА – ИСЛАНД (ПРИЈАТЕЛСКИ)
18:00 ТАПА – ВИЉАНДИ (ЕСТОНИЈА)
18:45 ГОГ – МАГДЕБУРГ (ЛШ)
18:45 КЕЛЦЕ – ЗАГРЕБ (ЛШ)
18:45 ВЕСПРЕМ – ЦЕЛЈЕ (ЛШ)
19:00 БЕРГИШЕР – ЛАЈПЦИГ (БУНДЕС ЛИГА)
19:15 НОРВЕШКА – АНГОЛА (ПРИЈАТЕЛСКИ)
20:00 ЧЕШКА – НОРВЕШКА (ПРИЈАТЕЛСКИ)
20:45 БАРСЕЛОНА – ВИСЛА ПЛОЦК (ЛШ)
20:45 ПОРТО – МОНПЕЛЈЕ (ЛШ)