Ракометарите на Еурофарм Пелистер денес ќе го одиграат осмиот натпревар во Лигата на шампионите.
Пелистерци за ривал го имаат тимот на ПИК Сегед, кој во минатиот викенд го доби дуелот со битолчани, триумфираше со 34:26.
Еурофарм Пелистер на денешниот дуел ќе атакува на првите бодови во елитата, додека унгарскиот тим исто така ќе посакува да замине од Битола со цел плен.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и ПИК Сегед ќе се одигра со почеток од 18:45 во спортската сала „Боро Чурлевски“.
Во групата А, во која се наоѓа и Еурофарм Пелистер, ќе има уште еден интересен дуел. Алборг на свој терен ќе го пречека германскиот првак Кил. За потсетување, на првиот дуел во минатото коло „зебрите“ загубија со 27:18. Со почеток од 20:45 часот по вторпат ќе се сретнат ПСЖ и норвешкиот шампион Колстад.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
15:00 ДИНАМО – АКБУЗАТ (РУСИЈА)
17:00 ДИОМИДИС – ОЛИМПИЈАКОС (ГРЦИЈА)
17:00 СТЕУА – БАКАУ (РОМАНИЈА)
18:00 ФЕРЕНЦВАРОШ – ЕГЕР (УНГАРИЈА)
18:00 КЕХРА – ТАЛИН (ЕСТОНИЈА)
18:00 ВИКИНГ – ДРАМЕН (НОРВЕШКА)
18:00 ЛЕОТАР – ГРАЧАНИЦА (БИХ)
18:00 ЗУБРИ – ЈИЦИН (ЧЕШКА)
18:30 ХАСЛУМ – РУДАР (НОРВЕШКА)
18:30 ХРАНИЦЕ – БРНО (ЧЕШКА)
18:45 AЛБОРГ – КИЛ (ЛШ)
18:45 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ПИК СЕГеД (ЛШ)
19:00 АРАНАС – ХАМАРБИ (ШВЕДСКА)
19:30 ГОРИЦА – СЕСВЕТЕ (ХРВАТСКА)
19:30 МЕТАЛОПЛАСТИКА – ПАНЧЕВО (СРБИЈА)
20:45 ПСЖ – КОЛСТАД (ЛШ)