Ракометарките на Чаир во натпревар од 9. коло од Женската лига немаа проблеми против Скопје, триумфираа со 40:24.
Чаир со денешната победа освои нови три бода и ја продолжува битката за првата позиција на табелата.
Тимот на Басри Љатифи домашната задача си ја заврши во првиот дел, кој го доби со 12 гола разлика, 23:11.
Чаир и во второто полувреме доминираше на теренот и вторите 30 минути беа повеќе формалност и полесен тренинг за составот на Басри Љатифи.
Најефикасни во тимот на Чаир беа Јасмина Попова со осум и Стефанија Ѓеоргиевска со седум погодоци.
Кај Скопје се истакна Стефани Ристиќ со пет погодоци, еден помалку постигнаа Нина Неделковска и Роснана Павлова.