Македонската репрезентативка Андреа Седлоска заедно со екипата на Локомотива Загреб во натпревар од 9. коло од шампионатот на Хрватска на свој терен го совладаа Замет со 43:29.
Прилепчанката имаше одлична партија во дуелот со Замет, одигра без грешка, постигна четири погодоци од исто толку обиди и покажа дека е во добра форма.
Клубот на Седлоска сега на свое конто има 14, бода, додека актуелниот лидер, екипата на Подравка има осум бода повеќе, односно 22.
Во хрватскиот шампионат ќе престои поголема пауза поради настапот на Хрватска на Светското првенство 2023, кое ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка.
Седлоска и Локомотива Загреб на домашните обврски ќе им се вратат дури во текот на месец јануари.
Локомотива Загреб на европска сцена избори пласман во групниот сегмент од Лигата на Европа и ќе има можност да игра против најдобрите екипи во второто по ранг европско клупско натпреварување.