Македонскиот претставник во Европскиот Куп, Ѓорче Петров, денес ќе го одигра реванш дуелот против Ојпен во рамки од третата рунда во третото по ранг европско клупско натпреварување.
Ѓорчепетровки имаат убава предност од првиот дуел, во кој триумфираа со шест гола разлика, 45:39. Тимот на Симе Симовски и на реваншот е истакнат фаворит, но ќе треба фаворитската улога да ја оправда на теренот.
Ѓорче Петров доколку го елиминира Ојпен, тогаш ќе се пласира во осминафинелто во Европскиот Куп и ќе го повтори ланскиот успех.
Доколку се стигне до осминафинале, амбициите на клубот ќе бидат да се направи чекор повеќе од минатата сезона, односно да се дојде до историски успех.
Натпреварот меѓу Ѓорче Петров и Ојпен е закажан со почеток од 20:00 часот во спортската сала „Автокоманда“.
Екипите на Голден Арт и Бутел Скопје ќе го комплетираат 11. коло во суперлигашката конкуренција.
Двете екипи се во борба за пласман меѓу најдобрите осум екипи за вториот дел од сезоната, односно за разигрувањето на титулата, па така така денешниот дуел, кој ќе биде одигра во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 16:30 часот, ќе биде пресуден за одмотување на клопчето наречено плеј-оф.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
11:00 ТЕКСТИЛЕЦ – ШАМПИОН (ПРВА ЛИГА)
14:00 МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА – АСТИБО (ЖЕНСКА ЛИГА)
14:00 ЧАИР – СКОПЈЕ (ЖЕНСКА ЛИГА)
15:00 СПАРТАК – ШАМПИОН (ЖЕНСКА ЛИГА)
16:00 МЕТАЛУРГ РА – КИЧЕВО (ПРВА ЛИГА)
16:30 ГОЛДЕН АРТ – БУТЕЛ СКОПЈЕ (СУПЕР ЛИГА)
16:30 СТРУЖАНКА – ВАРДАР (ЖЕНСКА ЛИГА)
19:00 ПРЕСПА – МЛАДОСТ (ПРВА ЛИГА)
19:30 ПЕЛИСТЕР – КУМАНОВО (ЖЕНСКА ЛИГА)
20:00 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ОЈПЕН (ЕВРОПСКИ КУП)