Следните две кола за екипата на Голден Арт ќе бидат решавачки во нивните планови првпат во клупската историја да разигруваат за титулата. Им следуваат два натпревари против директните конкуренти, Бутел и Пролет од кои ќе зависи дали „градежниците“ ќе го освојат посакуваното 4 место во Б групата, а можеби ако се склопи мозаикот да бидат и место погоре.
Во недела во 16:30 часот во СЦ „Јане Сандански“ е првиот важен натпревар, Голден Арт – Бутел. На табелата Бутел е третопласиран со 18 бода,а Голден Арт има 13, и е на петтото место. Меѓу Бутел, Пролет и Голден Арт ќе се бараат двата клуба што ќе играат во плеј-офот.
„На натпреварот одиме на се или ништо. Ова можеби е еден од најважните мечеви за нас. Се подготвуваме за овој меч. Се ќе видиме во недела, како ќе излезе. Мене ми влече дека ќе биде се. Немаме никаков притисок. Во игра сме, се е во наши раце и се зависи од нас. Ако победиме, ќе се радуваме. Затоа е се во наши раце, вели Мице Шилегов десното крило на Голден Арт.
За двата клуба овој меч има резултаско значење. Бутел со бодови би бил речиси сигурен во плеј-офот, а Голден Арт би направил голем чекор кон остварување на целта. Двата тима играа меѓусебе во Охрид на турнирот на крај на август, и тогаш Голден Арт славеше со 21-18. Сега е сосема поинаку. На првиот мешусебе дуел сезонава Бутел победи со 29-23 на почетокот на октомври.
„Точно сме подготвени за се, знаеме како играат. Тие се играчите, нема со што да не изненадат. Максимално сме мотиврани, само на ова мислиме. Се фокусираме да дадеме голови, и од нас зависи како ќе биде, вели Шилегов кој на првиот меѓусебен меч постигна пет гола.
Овој меч ќе покаже каков ќе биде мотивот на „градежниците“ за следните дуели. Пролет следува во наредното коло, па доаѓа дуел со Прилеп и н акрај играат со Вардар.
„Ако Бутел биде успешен, доаѓа Пролет, Но, да видиме како ќе биде сега, па потоа ќе мислиме за следниот меч. Одиме, меч по меч, мета Шилегов.