Легендарниот фудбалски голман на Германија, Мануел Ноер, кој по тешката повреда повторно се врати меѓу стативите, изминатиот период имаше причина за големо задоволство.
Искусниот голман ја официјализираше врската со Аника Бизел и по вторпат одлучи да се ожени. Дел од германските медиуми објавија дека венчавката на Ноер и Бизел била одржана во голема тајност, со присуство на најблиските.
23-годишната девојка е ракометарка на Регензбург, клуб кој настапува во втората германска Бундес лига, но нема забележителни резултати.
Моментално, тимот се наоѓа на 9, позиција на табелата, додека Бизел се уште не одиграла официјален натпревар во тековната сезона.
За потсетување, голманот Ноер имаше уште еден брак кој траеше до 2019 година. Медиумите во Германија беа премногу заинтересирани за неговиот приватен живот.
Тие пишуваа за неколку негови афери, меѓу кои беа и оние измислените геј-афери со неколку домашни и странски фудбалери.