Словенечкиот интернационалец Марко Матијашевиќ веќе две сезони настапува во дресот на Мешков Брест.
Средниот бек во Белорусија пристигна од Франција, односно од екипата на Трембле и не му требаше многу време за да се прилагоди во својот нов интернационален клуб.
Матијашевиќ во интервју за порталот „Брз Центар“ зборуваше за неговото доаѓање во Мешков Брест, амбициите на клубот, работењето со некогашниот спортски директор и тренер на Вардар, Едуард Кокшаров…
27-годишниот ракометар, кој со тимот на Копер играше и во европски рамки, изјави дека секој клуб треба да има најмалку двајца ракометари од Балканот.
,,Во кој било клуб мора да има најмалку двајца играчи од Балканот. Сите играчи во клубот брзо ќе најдат заеднички јазик на теренот и ќе се поддржуваат во секојдневието. Но, тоа не се однесува само на ракометарите од поранешна Југославија. Тоа се однесува и на Белорусите, и на играчите од други земји, па генерално, во Мешков Брест нема поделба на домашни и странски играчи. Сите сме многу пријателски расположени и меѓу нас има големо другарство”, вели Матијашевиќ.
Во Мешков Брест настапува и екс ракометарот на Еурофарм Пелистер, десниот бек Невен Стејпановиќ, како и некогашниот член на Вардар, Вук Лазовиќ.