Селекторот на женската сениорска репрезентација на Словенија , Драган Аџиќ, го објави списокот пред настапот на Светското првенство 2023, кое ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка.
Аџиќ за подготвителниот период повика 22 ракометарки, а меѓу нив сѐ и двете поранешни членки на Вардар, Барбара Лазовиќ и Тамара Мавшар.
Аџиќ ќе може да смета и на најискусната, десниот бек на Ѓер, Ана Грос, но нема да го има на располагање истиот состав од Европското првенство минатата година.
Една од лидерите во словенечката репрезентација, средниот бек Елизабет Омореги сѐ уште се опоравува од повредата, додека ракометарката Нина Жулиќ се повлече на неодредено поради семејни причини.
Како што е познато, словенечката репрезентација ја напушти искусната голманка Бранк Зец, која реши да се посвети само на настапите на клупско ниво.
Словенија на Мундијалот ќе игра во група со репрезентациите на Франција, Ангола и Исланд.