Денеска на македонските терени ќе продолжат натпреварите од 11. коло во суперлигашката конкуренција.
Екипата на Вардар на двој терен ќе го пречека составот на Прилеп, додека тимот на Куманово ќе гостува во Кавадарци.
Прилепчани на дуелот со поранешниот македонски шампион ќе имаат желба да се покажат во подобро светло и да остават добар впечаток.
Вардарци се големи фаворити против Прилеп и се очекува да ја продолжат победничката серија, односно да стигнат до десетти сезонски тирумф.
Натпреварот меѓу Вардар и Прилеп ќе се одигра со почеток од 18:30 часот во СЦ „Јане Сандански“.
Тимот на Тиквеш, кој веќе си обезбеди пласман во плеј-оф фазата, не би требало да има проблеми против Куманово.
Денешниот дуел меѓу Тиквеш и Куманово е закажан за 19:00 часот во спортската сала „Јасмин“.
Низ Европа ќе има неколку интересни дуели во Бундес лигата, Франнција, а ќе се игра и во Асобал лигата, како и во шампионатите во БиХ, Романија, Шведска, Хрватска, Србија, Унгарија, Словенија…
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
17:00 ВАСЛИУ – БУКУРЕШТ (РОМАНИЈА)
17:00 БОРАЦ – ТУЗЛА (БИХ)
17:00 ЛЕОТАР – СЛОГА (БИХ)
17:30 ЦСКА – КРАСНОДАР (РУСИЈА)
18:00 ПЛЕР – КОМЛОИ (УНГАРИЈА)
18:00 ЕРИЧЕ – ИЗОЛА (ЕВРОПСКИ КУП)
18:30 ВАРДАР – ПРИЛЕП (МАКЕДОНИЈА)
19:00 ТИКВЕШ – КУМАНОВО (МАКЕДОНИЈА)
19:00 САВЕХОФ – ИШТАД (ШВЕДСКА)
19:00 КРИСТИЈАНШТАД – ОНЕРЕД (ШВЕДСКА)
19:00 ЛУГИ – СКАРА (ШВЕДСКА)
19:00 ХАГЕН – МИНДЕН (БУНДЕС 2)
19:00 МЕТКОВИЌ – НЕКСЕ (ХРВАТСКА)
19:00 ГЕПИНГЕН – ХАНОВЕР (БУНДЕС)
19:00 РАДНИЧКИ – ДУБОЧИЦА (СРБИЈА)
19:00 ВОЈВОДИНА – ВРАЊЕ (СРБИЈА)
19:30 ПАНЧЕВО – ОБИЛИЌ (СРБИЈА)
19:30 КРИЕНС – ТУН (ШВАЈЦАРИЈА)
19:30 АФТУРЕЛДИНГ – ХАУКАР (ИСЛАНД)
19:30 ДОБОВА – ГРАДЕЦ (СЛОВЕНИЈА)
20:00 ХАМБУРГ – ЕРЛАНГЕН (БУНДЕС)
20:00 ШАРТ – ШАМБЕРИ (ФРАНЦИЈА)
20:00 ДИЖОН – ЛИМОЖ (ФРАНЦИЈА)
20:00 САРАН – КРЕТЕЈ (ФРАНЦИЈА)
20:00 ТУЛУЗ – ИВРИ (ФРАНЦИЈА)
20:00 БИДАСОА – АДЕМАР (АСОБАЛ)
20:30 КОБУРГ – ЕСЕН (БУНДЕС 2)