Еден од тимовите што е расадник на квалитетни ракометарки, Стружанка, ќе има нов предводник во продолжение од сезоната во Женската лига.
Владимир Паноски кој долго време ја водеше Стружанка нема да биде повеќе на клупата, а негова замена наскоро ќе биде позната.
Паноски остваруваше одлични резултати години наназад, како со сениорската екипа, така и во младинските категории, но двете страни решија да се разделат.
Тој не беше на клупата на Стружанка минатото коло на гостувањето кај Астибо во Штип, а тимот го водеше Јован Трпеновски.
Стружанка во овој момент се наоѓа на шестото место на табелата во Женската лига со 16 бодови, само три помалку од второпласираните Вардар и Чаир кои имаат по 19.