Повеќе од месец дена откако беше прогласена воена состојба во Израел, работите полека се враќаат во нормала.
Ракометниот шампионат кој беше прекинат на почетокот на октомври, ќе продолжи на 24 ноември.
Македонскиот чувар на мрежата, Градимир Чаневски, веќе се врати во Израел и ќе продолжи да ги брани боите на Макаби Ришон Ле Зион.
Неговиот тим ја брани титулата во шампионатот, а Чаневски минатата сезона беше прогласен за најдобар голман во Израел.
Покрај Чаневски, во Макаби Ришон Ле Зион се вратија и другите двајца интернационалци – Павел Атман и Иван Карачиќ.