Рибера останува селектор на Шпанија до 2028!

Иако на почетокот на годинава беше најавено дека шпанскиот селектор Жорди Рибера ќе си замине од селекторската функција на „црвената фурија“, сепак искусниот стратег ќе остане предводник уште долг временски период.

Шпанската федерација официјално објави дека е продолжена соработката со Жорди Рибера, кој е еден од селекторите со најдолг стаж. Двете страни се договорија на нова, четиригодишна соработка, па така Рибера на чело на Шпанија ќе биде до 2028 година.

Рибера на кормилото на Шпанија дојде во 2016 година на местото на Маноло Каденас, а претходно ги водеше Бразил и Аргентина. На клупско ниво работеше во неколку шпански клубови –  Арате, Галдар, Бидасоа и Адемар Леон.

Со шпанската репрезентација досега освои шест медали на големите натпреварувања, а ќе има уште две шанси на ЕП 2024 и ОИ 2024.

Шпанија во јануари, 2024 година, ја очекува настап на Европското првенство 2024, кое ќе се одржи во Германија.