Македонскиот вицепрвак денес пред својата публика ќе го пречека Силкеборг во рамки од 3. коло во Лигата на Европа.
Избраниците на Кире Лазаров во претходното коло одиграа реми со Ла Риоха и со освоениот бод ги задржаа шансите за едно од местата кои што водат во следната фаза во второто по ранг европско клупско натпреварување.
Силкеборг има половичен учинок на претходните два натпревари, во првото коло ја совлада Ла Риоха, додека во второто коло беше поразен од српскиот шампион Војводина.
Македонскиот репрезентативец Филип Талески заедно со Бенфика ќе го пречекаат Рајн Некар и ќе се обидат да ја забележат втората победа.
Свој настап ќе има и повремениот репрезентативец, левото крило Бојан Маџовски, кој со Ловќен против Кадетен Шафхаузен ќе атакуваат на првите бодови.
Црногорскиот шампион на претходните два одиграни натпревари, против Елверум и Фленсбург, беше убедливо поразен.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
Група А
Кристијанштад – Нант 18:45ч
Бенфика – Рајн Некар 20:45ч
Група Б
Хановер – АЕК Атина 18:45ч
Горњик Забж – Луцерн 20:45ч
Група Ц
Велење – Куенка 18:45
Савехоф – Винтертур 20:45ч
Група Д
Брага – Скјерн 20:45ч
Повашка Бистрица – Нексе 20:45ч
Група Е
Елверум – Фленсбург 18:45ч
Ловќен – Кадетен 20:45ч
Група Ф
Алкалоид – Силкеборг 18:45ч
Војводина – Ла Риоха 18:45
Група Г
Фуксе Берлин – Динамо Букурешт 20:45ч
Извиѓач – Шамбери 20:45ч
Група Х
Констанца – Хобри Глогов 18:45ч
Татабања – Спортинг 18:45ч