Тимот на Керженг, каде што игра легендарниот македонски репрезентативец Влатко Темелков, одигра реми против Еш, 25-25.
Во натпреварот од осмата рунда на првенството на Луксембург, Керженг во последната минута успеа да се спаси од пораз.
Стрелец на голот за реми и за еден бод на натпреварот против Еш беше токму македонското десно крило Темелков, кој вкупно имаше три гола.
Керженг сега е трет на табелата со девет бода и биланс од четири победи, едно реми и еден пораз, а има два меча помалку од лидерот Диферданж.
Следен предизвик за Темелков и неговиот клуб ќе биде гостувањето кај првиот тим на табелата Диферданж на 18 ноември.