Ракометарките на Вардар по дерби поразот од Куманово, им се вратија на победите во Женската лига, откако славеа против Пелистер со 38-20.
Победникот на овој натпревар од 8. коло беше решен уште по првото полувреме кога избраничките на Александар Царчев направија предност од 13 гола, 20-7.
Неизвесно беше само на стартот кога беше 3-2, а потоа се беше во знакот на вардарки, кои рутински го одработија овој натпревар.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Дона Тодоровска со шест и Тамара Ивановска со пет погодоци.
Во составот на Пелистер единствено отскокнуваше Кристина Наумовска, чии десет гола беа премалку за нешто повеќе на гостувањето во Скопје.
Во следното коло Вардар ќе има незгодно гостување кај Стружанка, додека Пелистер во Битола ќе го пречека составот на Куманово.