Викендво се комплетираше 6. коло од младинската лига во машка конкуренција.
Во рамки од 6. коло од младинската лига во машка конкуренција без победник заврши натпреварот меѓу Голден Арт и Пролет, 32:32.
Најефикасен во составот на Голден Арт, а воедно и на натпреварот, беше Кристијан Стаменковиќ со 10 реализации.
Во екипата на Пролет се истакнаа Томислав Димковски и Михаил Тотиќ со по шест погодоци, еден помалку имаа Андреј Стојановски и Георгиј Спасовски.
Екипата на Охрид славеше на домашен терен против Бутел Скопје со резултат 33:31. Лука Лангоски и Никола Ристески со девет гола беа предводници кај Охрид, додека кај Бутел Скопје, Петар Цветковски постигна 14 погодоци.
Прилеп триумфираше против Еурофарм Пелистер со четири гола разлика, 34:30. Прилеп беше предводен од Ангел Крстески со осум погодоци, а во поразениот табор Петар Стојчевски имаше девет погодоци.
Овче Поле беше убедлив против Тиквеш со 42:27. Мулти Есенс на домашен терен ги освои бодовите против Младост Богданци, откако забележа победа со 37:33.
Младинска лига (мажи), 6. коло, резултати:
Мулти Есенс – Младост Богданци 37-33
Голден Арт – Пролет 32-32
Овче Поле – Тиквеш 42-27
Прилеп – Еурофарм Пелистер 34-30
Еурофарм Пелистер 2 – Вардар 38-21
Охрид – Бутел Скопје 33-31
Алкалоид слободен