Нант објави дека е продолжена соработката со шпанскиот репрезентативец Валеро Ривера до 2025 година. Левото крило игра во Нант од 2010 година, а од 2016 до 2018 беше дел од Барселона, пред да се врати во Франција.
Португалскиот тим Спортинг Лисабон се раздели со данскиот пивот Бенјамин Јакобсен, кој поради приватни причини се враќа дома, а на негово место доаѓа Кристијан Мога од португалската Повоа.
Селекторот на женската репрезентација на Романија, Флорентин Пера, ќе има и клупски ангажман. Тој ја презема екипата на Глорија Бистрица, која не играше според посакувањата и имаше шест победи и три порази во романскиот шампионат.
Хрватската легенда Игор Вори е нов тренер на тимот на Сесвете, кој остана без досегашниот предводник Силвио Ивандија. Вори претходно работеше во германскиот Гросвалштат и во Загреб.