- Данскиот Есбјерг објави дека е потпишан договор до 2028 година со левиот бек на данскиот национален тим, Лине Хаугстед. 28-годишната ракометарка во моментов настапува во унгарскиот првак Ѓер.
- Капитенот на Ѓер, Кари Братсет Дале ќе продолжи да настапува во унгарскиот шампион. Новиот договор е потпишан на три години и норвешката репрезентативка ќе остане во актуелниот клуб најмалку до 2027 година.
- Романскиот тим Валчеа објави дека е продолжена соработката со главниот тренер Бент Дал. Норвежанецот ќе остане во Валчеа најмалку до 2027 година, а тековната е трета сезона за него во овој клуб.
- Францускиот голман Весли Пардан потпиша за тимот на Ним, а договорот ќе стапи на сила следното лето. 33-годишниот голман кој се поврзуваше и со ПИК Сегед ќе остане во Ним до 2027 година. Во моментов брани за Екс Ан Прованс.