Браќата Петар и Ѓорѓе Цикуса, дебитираа за сениорската репрезентација на Шпанија на натпреварите од Златната лига.
Овие дуели се играа во Данска, но тамошните новинари не успеаја да добијат изјава или интервју со идните ѕвезди на европскиот ракомет.
Каталонскиот гигант Барса, каде што играат двајцата, им забрани да комуницираат со медиумите.
„Барса сака да ги заштити нив, тие имаат неполни 18 години. Последните неколку месеци беа во центарот на вниманието. Тие се млади и за кратко време стигнаа до големо искуство. Се уште тие ги следат укажувањата од клубот. Веројатно, во иднина новинарите ќе имаат можност да зборуваат со нив. А во меѓувреме ќе можат да покажат за што се способни“, изјави Гонзало Перез Де Варгас за ТВ2.
Тие имаат балканско потеколо, иако имаа шанси и понуди да заиграат за Србија и Хрватска, сепак решија дека во иднина ќе го носат дресот на Шпанија.