Николиќ: Чаир е опасен од сите позиции, ние досега немаме загубено – верувам така и ќе остане

Екипата на Ѓорче Петров во рамки од 7. коло од Женската лига за ривал го има амбициозниот тим на Чаир.

Ѓорчепетровки, моментално, имаат шест од шест, додека Чаир нема загубено бод, победи на пет натпревари, а во дуелот со Вардар одигра нерешено.

Една од носителките на играта во таборот на „лавиците“ левиот бек Милица Николиќ ги истакна своите очекувања за дерби дуелот со Чаир и најави продолжување на победничката серија на нејзиниот тим.

,,Како и за секој натпревар така и за овој дуел, противникот е целосно анализиран. Ние не потценуваме ниту една екипа, па така и екипата на Чаир не е воопшто за потценување. Работиме напорно и си веруваме една на друга дека ќе го дадеме својот максимум и резултатот ќе биде во наша полза. Чаир има добри играчи на сите позиции, па така мислам дека пред сѐ нашата одбрана ќе биде клучна на овој натпревар. Не очекуваат 60 минути борба каде пред сѐ се надевам ќе има фер игра”, изјави Николиќ.

Левиот бек смета дека Чаир е незгодна екипа, со опасни играчи од секоја позиција, па така ќе мора со нејзините колешки да го дадат својот максимум за да стигнат до зацртаната цел.

,,Мислам дека дисциплината, карактерот и истрајноста ќе бидат клучни во овој натпревар. Верувам дека нашата добра одбрана и секако добра транзиција во напад ќе бидат исто така пресудни за крајниот резултат. Се подготвуваме максимално за Чаир, знаеме дека ќе биде тежок меч. За да оствариме победа треба да одиграме на високо ниво и со малку технички грешки. Чаир е екипа која располага со добри играчи на сите позиции, така опасноста доаѓа од секаде”, додаде Николиќ.

Ѓорче Петров со евентуална победа над Чаир ќе се зацврсти на првата позиција на табелата. Тимот на Симе Симовски во претходното коло славеше во дерби дуелот против Куманово.

,,За натпреварот со Куманово имавме целосна анализа, каде секоја ракометарка знаеше што и како треба да постапи. На почеток не беше покажана нашата вистинска слика, но во последните 20 минути покажавме карактер, дисциплина, мотивација и пред се ја покажавме нашата желба за победа. Во нашиот тим владее позитивна атмосфера, што е добро за нашиот тим. После победата над Куманово атмосферата е на уште повисоко ниво. Меѓу нас владее позитива и силен мотив за големи успеси”, вели Николиќ.

22-годишната ракометарка се надева на двојна титула во новата сезона. Во претходните две сезони, тимот на Ѓорче Петров ја освојуваше само титулата во националниот шампионат.

,,Досега немаме загубено, верувам дека ќе биде така и во иднина, секоја од девојките ја има истата цел .Сите знаеме што посакуваме и атакуваме на двојна титула во домашно првенство и што поголем пласман во Европа, односно во Европскиот Куп. Пристапот на секој тренинг и натпревар е на професионално ниво, секоја девојка е максимално дисциплинирана и секогаш го дава својот максимум. Сплотени заедно одиме до двојната титула”, заврши Николиќ.

Натпреварот меѓу Ѓорче Петров и Чаир ќе се одигра в сабота со почеток од 19:00 часот во спортската сала „Христо Батанџиев“.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080