На денешната ракометна програма нема да има многу натпревари, бидејќи кај мажите е во тек ЕХФ неделата, во која поголемиот број репрезентации ќе одиграат пријателски дуели.
Денес ќе започне и првата фаза од квалификациите за Светското првенство 2025, кое ќе се одржува во Хрватска, Данска и Норвешка.
Како што е познато, репрезентацијата на Израел мораше да го одложи двомечот со Луксембург.
Во првата фаза од квалификациите за Мундијалот во 2025 ќе играат уште Финска, Велика Бристанија, Турција, Косово, Словачка, Италија, Естонија и Летонија.
На програмата од 17:00 часот ќе се сретнат репрезентациите на Турција и Италија. Останатите четири дуели ќе се одиграат во текот на утрешниот ден.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
17:00 ТУРЦИЈА- ИТАЛИЈА (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП)
17:00 ДУНАЈВАРОШ – ВАЦ (УНГАРИЈА)
18:00 ДЕБРЕЦИН – БУДАРОШ (УНГАРИЈА)
18:00 ВАЈПЕРС – ОПСАЛ (НОРВЕШКА)
18:15 СОЛА – МОЛДЕ (НОРВЕШКА)
18:30 ХОРСЕНС – ВИБОРГ (ДАНСКА)
19:00 ТУЛОН – МЕЦ (ФРАНЦИЈА)
19:00 ВОГОШЧА – СЛОГА ДОБОЈ (БИХ)
20:00 НАНТ – БРЕСТ БРЕТАЊ (ФРАНЦИЈА)
20:30 ИКАСТ – ЕЗБЈЕРГ (ДАНСКА)