Повратник во националниот тим на Македонија е десното крило Никола Костески, најдобриот стрелец во чешкиот шампионат.
Тој се враќа во репрезентацијата по подолго време, по пет-шест години и ќе се обиде собраното искуство да го пренесе во националниот тим.
„Мило ми е што се вратив по долгата пауза во репрезентацијата, дојдов со цел моето искуство да го прикажам тука заедно со мојот брат и сум многу горд што ќе ја делиме минутажата на таа позиција. Сега следуваат подготвителни натпревари со Грција, на кои ќе видиме до каде сме и ќе многу важно за оваа репрезентација бидејќи е многу подмладена да има помош од нас најискусните Маркоски, Митревски и Пешевски. Ќе дадам се од себе, никогаш не сум одбивал да дојдам на собир кога се работи за нациоанлниот тим, треба да ги браниме боите на Макеоднија, да даваме се од себе секој од нас“, вели Костески.
Стружанецот ќе ја дели минутажата со неговиот брат Ненад Костески, но Никола вели дека меѓу нив нема конкуренција.
„Како професионалец е многу тешко да ги следам настапите, а да не бидам тука и да помогнам. Сепак има селектор, кој знае што и како треба да игра. Добив повик, јас ќе дадам максимум, се надевам на успех. Јас и мојот брат разговараме на тема конкуренција, но меѓу нас нема такво нешто. Нормално дека кој ќе биде поспремен, ќе одговори на барањето на тој ден кога се игра некој од натпреварите. Јас и тој сме тука да дадеме се за Македонија. Не ми е важно дали ќе играм јас или тој ќе бидам среќен, важно ќе биде да се даде максимумот и да се одигра на ниво“, заврши Костески.
Натпреварите меѓу Македонија и Грција се игра на 3 и 4 номеври во Солун.