ЅВЕЗДА НА 5 КОЛО ОД ЖЕНСКАТА ЛИГА – МАРИЈА ГОЛАБОСКА (СТРУЖАНКА)

Ракометарката на Стружанка, Марија Голабоска, го доби признанието за најкорисен играч, односно ѕвезда на 5. коло од Женската лига.

Младата ракометарка со осум погодоци ја предводеше нејзината екипа до убедлива победа над Овче Поле СУ со 31:14.

Голабоска околу 52% од гласовите на читателите на 24Ракомет, додека имаше силна конкуренција во Симона Василева.

Ракометарката на Вардар заврши на второто место со 42%, третопласирана беше Емилијана Ризоска од Ѓорче Петров со 8%.