Шампионот Ѓорче Петров победнички во Куманово

Шампионот Ѓорче Петров убедливо славеше на гостувањето кај вицепрвакот Куманово со 29-20, во дерби натпреварот од 6. коло во Женската лига. Избраничките на Симе Симовски трите бодови ги потврдија во финишот на мечот, односно во последните десетина минути.

Кумановки му парираа на шампионот и беше неизвесно до 19-19, во 47. минута, но потоа домаќинките имаа огромен пад во играта. Сите грешки беа казнети со лесни погодоци и Ѓорче Петров заслужено стигна до победата.

Сега шампионот Ѓорче Петров има 18 бодови и максимален биланс со шест победи на шест меча доссега, пред Вардар и Чаир, кои се на второто и третото место со по 16 бодови.

Домашните имаа свои моменти и во првиот дел, успеваа и да поведат, но кратко траеше тоа, па Ѓорче Петров и на пауза имаше плус еден, 13-12. Во вториот дел на голот на гостинките одлична беше Кицеска, а до израз дојде и пократката ротација на домашните бекови.

По 19-19, Ѓорче Петров се одлепи на плус три, 22-19, а Куманово последниот гол го постигна во 50 минута. Оттогаш па до крајот на теренот постоеше само една екипа и Ѓорче Петров постигна седум погодоци во серија за убедлив триумф.

Најдобри стрелци во победничката екипа беа Ангела Јанкуловска со девет и Ива Божиновска со шест погодоци, додека во составот на Куманово се истакна Сузана Зечевиќ со девет гола.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080