Репрезентативецот на Данска, Симон Питлик, кој на Светското првенство 2023 беше прогласен за најдобар лев бек, ќе паузира одреден временски период.
Младиот ракометар заработи повреда на коленото на дуелот против Ерланген и ќе отсуствува неколку недели.
Сепак, не се знае точно кога големата надеж на данскиот ракомет ќе направи камбек на терените.
Најверојатно, левиот бек ќе ја пропушти првата фаза од подготовките со данската репрезентација, која ќе има собир за време на ЕХФ неделата.
Фленсбург и без Питлик во рамките од 2. коло од Лигата на Европа ги освои бодовите во Подгорица против Ловќен, триумфираше со 35:19.