Екипата на Мелсунген, која е предводена од екс тренерот на Вардар, Роберто Гарсија Парондо, подолг временски период нема да може да смета на средниот бек Домагој Павловиќ.
Повремениот репрезентативец на Хрватска кој во поголемиот дел од минатата сезона повеќе беше на терапии отколку на терените, поради проблеми со десното колено мора да биде опериран во својата татковина.
Во зависност од видот на операцијата, 30-годишниот плејмејкер би можел да паузира најмногу до шест месеци. Тоа значи дека на терените ќе се врати во вториот дел на сезоната, односно во месец април/мај и нема да биде во комбинација за настап на Европското првенство 2024.
Парондо на позицијата среден бек ги има на располагање уште репрезентативецот на Шпанија, Ерик Баленсиага, како и Мануел Хор.
Мелсунген моментално се наоѓа меѓу најдобрите три екипи во Бундес лигата, позициониран е на 3. позиција со 16 бода.