Спартак парираше едно полувреме, Чаир запиша нови бодови

Ракометарките на Чаир во рамки од 5. коло од Женската лига на гостувањето кај Спартак дојде до победа, која штo беше изразена со девет гола разлика, 36:27.

Чаир со победата над Спартак останува во игра за првата позиција на табелата, бидејќи сега дојде до 13 бода, исто колку што има и Вардар, додека Куманово и Ѓорче Петров имаат плус два бода повеќе, односно 15.

Избраничките на Басри Љатифи наидоа на силен отпор од страна на домаќинот во првото полувреме. Спартак влезе мотивирано во дуелот со гостинките од Чаир и по нерешените 2:2 постигна четири гола во низа за предност од 6:2.

Тимот на Чаир третиот гол го постигна во 13 минута преку Озкан, која намали на 6:3, но домаќинките со голот на расположената Гроздановска повторно дојдоа на предноста од воведниот дел, поведоа со 7:3.

Спартак беше во резултатска предност до 20 минута, потоа иницијативата на теренот ја презеде гостинскиот состав. Откако беше 9:9, односно 11:11, составот на Чаир со мини серија се одлепи на 13:11 и до крајот на полувремето беше подобриот противник на теренот. По 30 минути игра, резултатот беше 17:14 за тимот на Љатифи.

Во второто полувреме гостинскиот тим воспостави контрола на теренот, започна да се одлепува на повисока предност и немаше голем проблем да дојде до три важни бода, со кои останува во трка за првата позиција на табелата.

Најефикасни во победничката екипа беа Бојана Диневска со осум и Теодора Дукоска со седум погодоци. Во поразениот табор се истакна Ангела Гроздановска, која со девет гола беше и најефикасна на натпреварот.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ23221067
2МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА22191258
3ЧАИР23191358
4ВАРДАР22171452
5КУМАНОВО22160648
6СТРУЖАНКА231211037
7ПЕЛИСТЕР 2012231011231
8ДЕСПИНА23911328
9СКОПЈЕ22821226
10СПАРТАК22811325
11ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.23431615
12АСТИБО22401812
13ШАМПИОН2321207
14ГЕВГЕЛИЈА2310223