Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Хари Павлов, покажува одлични партии во дресот на Ферлах.
Павлов и неговиот тим во натпревар од 7. коло од шампионатот на Австрија беа поразени од тимот на Алпла Хард, кој во минатата сезона го освои домашниот Куп.
Поискусниот состав на Алпла Хард триумфираше со три гола разлика, 32:29, и со новите бодови остана во игра за првата позиција на табелата.
Прилепчанецот беше најефикасен во дуелот против Алпла Хард и зад своето име запиша шест погодоци, а подели и неколку асистенции кон своите соиграчи.
Ферлах за ривал во следното, 8. коло, го има тимот на Тирол, кој во новата сезона влезе со големи амбиции и со желба да биде меѓу водечките екипи.