Ризоска се надмина себеси и постигна 18 гола против Деспина

Актуелниот шампион на Македонија, Ѓорче Петров, ја забележа петтата победа во Женската лига.

Тимот на Симе Симовски на гостувањето во Прилеп кај Деспина очекувано славеше со висока победа од 45:16 во натпревар од 5. коло.

Ѓорче Петров во воведните десет минути поведе со 7:0, потоа имаше и 11:3, па стана јасно каков натпревар ќе гледаме до крајот.

Гостинките на пауза заминаа со 13 гола разлика, 23:10, а второто полувреме беше само формалност, во која домаќинките дадоја само шест гола.

Одлична партија на теренот имаше репрезентативката на Македонија, Емилијана Ризоска, која постигна дури 18 погодоци.

Кај Деспина се истакнаа Елена Рипилоска со четири и Ангела Камческа со три реализации.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080