Охрид ита кон плејофот – втор триумф во „езерското дерби“

Вторпат сезонава Охрид го добие дуелот од „езерското дерби“ со соседна Струга, овојпат со 30-20 (13-9). Со овие три бода се закотвија домаќините на третото место на табелата со 18 бода, и одат сигурно кон разигрувањето за титулата. На табелата во А групата се веднаш зад Алкалоид и Тиквеш. Струга остана на четвртото место, но сега има ист број бодови, 12 како и тимот на Аеродром. Првиот меѓусебен дуел во Струга, истотака заврши со триумф на охриѓани, од 25-17.

Со дуелот во „Билјанини Извори“ почна вториот дел од групната фаза од првенството. каде има да се играат уште седум кола (вкупно 14). За Охрид овој триумф значи чекор поблиску до плејофот, а Струга ќе се бори веројатно со Аеродром за место во првата четворка во групата што води во разигрувањето за титулата.

Кога во 39 минута Гал Цицар првпат на средбата донесе водство од 19-11 и „плус 8“ за Охрид, веќе беше јасно дека бодовите ќе останат дома, и неизвесно ќе биде само со кој резултат ќе заврши средбата. Имаше потоа уште неколкупати водство Охрид од осум голови, одржувајќи ја таа разлика како сигурност за победа.

Раното водство на Охрид во првото полувреме кога направија предност од 7-3 му овозможи на домаќинот потоа да има помирен напад, и да ја чека шансата. Од друга страна Струга мораше да ја менува концепцијата во одобрана многу брзо по почетокот на средбата, зашто Велко Марковски, еден од најискусните играли и можеби клуч во одбраната уште во осмата минута го доби второто исклучување и мораше да биде внимателен.

Но на 22 секунди до крај на првиот дел сепак Велко Марковски мораше да се пресели на трибините бидејќи доби исклучување, трето за него, заедно со Владимир Бојаниќ од Охрид. И на високиот пивотмен на Охрид ова му беше второ исклучување, ставајќи му на знаење дека ќе мора да внимава во вторите 30 минути.

Охрид имаше највисоки 12-7, по што гостите намалија на 12-9 и во последните секунди од првото полувреме Гал Цицар погоди за 13-9. Во играта на Охрид се се вртеше околу Шешиќ, Орјоникидзе и Цицар кои заедно постигнаа 11 од вкупно 13 гола. Другите два гола беа зад имињата на Гоце Ојлески и Горан Крстевски.

Второто полувреме донесе речиси целосна доминација на Охрид, чии ракометари донесоа радост на распродадената сала во „Билјанини Извори“. Највисокото водство, 29-19 го имаше Охрид во 58 минута со погодокот на Крсте Андоновски, а Владимир Бојаниќ погоди за конечните 30-20.

На мечот најпрецизни беа Деан Шеиќ и Гал Цицар со 6 гола кај Охрид, и Петар Брауновиќ со исто толку кај Струга.

Во следното коло Охрид гостува кај Алкалоид, додека Струга оди кај Куманово.

ТАБЕЛА А ГРУПА

ПозЕкипаНПРЛБ
1АЛКАЛОИД11110033
2ВАРДАР 196111100130
3ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1190227
4ОХРИД1180324
5БУТЕЛ1160518
6ТИКВЕШ 20141151516
7ПРОЛЕТ1142514
8ПРИЛЕП1141613