Пелистер одработи рутински против Гевгелија

По ремито во Свети Николе кај Овче Поле СУ, ракометарките на Пелистер се вратија на победничките патеки во Женската лига.

Во Битола, избраничките на Моника Талевска убедливо ја совладаа екипата на Гевгелија со 32-14 во натпревар од петтото коло.

Победникот беше решен уште по првото полувреме, кога битолчанки примија само четири гола, а дадоа 19.

Вториот дел беше одработен само рутински од домаќинките, а гостинките малку го поправија лошиот впечаток од првото полувреме.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Босилковска со осум, како и Рујановска и Дамјановска со по пет гола, додека кај Гевгелија, Шуклева стрелаше четири пати.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080