Екипите на Чаир и Металург Автокоманда денес ќе го комплетираат 4. коло во единственото женско сениорско натпреварување во Македонија.
Чаир на табелата има биланс од две победи и едно реми, на свое конто има седум бодови, додека новакот во Женската лига на три одиграни натпревари успеа да триумфира двапати.
Со натпреварот меѓу Целје и Барселона, односно ГОГ и Монпелје, ќе започне новото 5. коло во Лигата на шампионите во машка конкуренција.
Во терминот од 20:45 часот ќе играат ПСЖ и Алборг, кои се ривали на Еурофарм Пелистер во рамки од групниот сегмент од европската елита.
Македонскиот шампион во текот на утрешниот ден силите ќе ги одмери со Загреб.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
16:00 ПЕРМ – ДИНАММО (РУСИЈА)
16:30 ЧСМ БУКУРЕШТ – МИОВЕНИ (РОМАНИЈА)
16:30 ВАЛЧЕА – РАПИД (РОМАНИЈА)
17:00 ТУЗЛА – КОЊУХ (БИХ)
18:00 ЧАИР – МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА (МАКЕДОНИЈА)
18:00 ВАРАЖДИН – СЕСВЕТЕ (ХРВАТСКА)
18:00 БРНО – ЗУБРИ (ЧЕШКА)
18:00 ЛОВОСИЦЕ – ЈИЦИН (ЧЕШКА)
18:30 ЦСКА – ЅВЕЗДА (РУСИЈА)
18:45 ЦЕЛЈЕ – БАРСЕЛОНА (ЛШ)
18:45 ГОГ – МОНПЕЛЈЕ (ЛШ)
19:00 РАДНИЧКИ – ПАРТИЗАН (СРБИЈА)
19:30 ГОРИЦА – ТРОГИР (ХРВАТСКА)
20:45 ПСЖ – АЛБОРГ (ЛШ)