Големото дерби на македонскиот ракомет меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар ќе ја својата втора епизода оваа сезона.
„Црвено-црните“ ќе гостуваат во Битола кај актуелниот шампион на 22 октомври во натпревар што ќе започне од 18:00 часот.
Ова е дуел од 8 коло, а битолчани ќе бидат желни за одмазда за поразот во средбата од 1 коло во СЦ „Јане Сандански“ со 30-25.
Пред овој натпревар, шампионот Еурофарм Пелистер ќе одигра натпревар против хрватскиот првак Загреб во Лигата на шампионите.
Пелистерци ќе гостуваат во хрватската престолнина на 19 октомври, веднаш вечерта се враќаат во Македонија, и ќе имаат само два за подготовка за големото дерби.