МВП НА 5 КОЛО ОД СУПЕР ЛИГАТА – ДАВОР ШОКОСКИ (СКОПЈЕ)

Левиот бек на Скопје, Давор Шокоски, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 5 коло од Супер лигата.

Прилепчанецот беше најдобар играч на тимот на Скопје, кој успеа да го освои првиот бод во новата сезона од Супер лигата.

Тоа се случи на натпреварот со Куманово, кој заврши нерешено, а Шокоски беше стрелец на осум гола.

Левиот бек освои околу 34% од гласовите, а имаше голема трка со голманот на Аеродром, Никола Кизиќ, кој имаше околу 32% од гласовите.

Во трка за МВП на 5. коло беа уште Давор Палевски, Марио Танкоски, Ани Обина, Јован Даневски и Милан Лазаревски.