ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Еурофарм Пелистер на гости кај Пролет, Вардар и Тиквеш по нови победи

Денес во Македонија ќе бидат одиграни три натпревари во рамки од суперлигашката конкуренција од 6. коло и еден дуел во Прва лига.

Екипата на Вардар за ривал во новото коло го имаат дебитантот од Автокоманда, кој во претходното коло ги освои првите бодиви во дебитанската сезона, откако триумфираше над Прилеп.

Овој натпревар ќе биде одигран во спортската сала „Автокоманда“ откако двата тима се договорија за промена на домаќинствата.

Амбициозниот тим на Тиквеш пред домашната публика ќе го пречека Скопје. Избраниците на Никола Матлиески се фаворити против тимот на Димитриоски и се очекува да ја продолжат победничката низа.

Дуелот на Тиквеш со Скопје ќе биде едно од загревањата на кавадарчани пред настапот во Европа, поточно во Европскиот Куп.

Актуелниот шампион Еурофарм Пелистер ќе гостува во Скопје кај незгодниот тим на Пролет.

Во рамки од Првата лига, тимот на Овче Поле ќе биде домаќин на Бисинов од Велес, клуб кој има високи аспирации во прволигашката конкруенција.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

17:00 ВАРДАР – МУЛТИ ЕСЕНС (МАКЕДОНИЈА)

18:30 ПРОЛЕТ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР (МАКЕДОНИЈА)

18:30 БРЕГЕНЦ – ГРАЦ (АВСТРИЈА)

19:00 ХЕИД – КАРА (ШВЕДСКА)

19:30 ТИКВЕШ  – СКОПЈЕ (МАКЕДОНИЈА)

19:30 КРЕМС – ХОЛАБРУН (ШВАЈЦАРИЈА)

20:00 МОРС – СКЈЕРН (ДАНСКА)

20:00 ОВЧЕ ПОЛЕ – БИСИНОВ (МАКЕДОНИЈА)