Дуел на Вардар и неготински Вардар, дерби во Кавадарци, Бутел оди кај шампионот

Во петок со натпреварот меѓу екипите на Вардар и Вардар Неготино, односно Алкалоид и Струга, ќе започне новото, 5.коло во суперлигашката конкуренција, во која има интересна борба за пласман во плеј-оф фазата. Сепак, до завршувањето на регуларниот дел остануваат уште десет кола, па така секоја екипа има свои шанси да ја подигне формата и да дојде до посакуваната цел.

Во рамки од групата А, во која македонскиот вицепрвак и Тиквеш имаат максимален ефект, односно четири од четири и 12 бода на свое конто, возбудлив дуел се очекува да има во Кавадарци каде амбициозниот тим на Тиквеш ќе го пречека Охрид, кој моментално е третопласиран. Охриѓани во претходното коло против Еурофарм Пелистер 2 покажаа низа слабости и против тимот на Никола Матлиески ќе треба да го поправат впечатокот, со цел да дојдат до уште една победа.

Интересен дуел се очекува да има и во Битола каде вториот тим на Еурофарм Пелистер ќе биде домаќин на дебитантот Аеродром. Тимот предводен од Дарко Петровски дебитанската сезона ја стартуваше според посакуваното, моментално има две победи и шест бода, додека младите битолчани на четири одиграни натпревари остварија само една победа, но во дуелот со Охрид покажаа дека имаат квалитет да се надигруваат и со посилните тимови.

Ракометарите на Струга во Автокоманда кај вицепрвакот ќе атакуваат на трета победа. Избраниците на Наум Танески со евентуална победа ќе ги зголемат шансите за пласман во плеј-оф фазата. Домаќинот во дуелот со стружани посакува да ја продолжи победничката серија и да дојде до петти последователен триумф.

Екипите на Куманово и Скопје, кои во досегашниот тек од сезоната немаат освоено ни бод, ќе имаат меѓусебен дуел во 5.коло. Скопје ќе биде домаќин на првата средба и ќе се обиде да ја оствари првата сезонска победа. Според прикажаното на терен и квалитетот на играчкиот ростер, двете екипи ќе имаат тешка сезона.

Водечкиот тим во групата Б, Вардар, за ривал во петтото коло го има Вардар Неготино, тим кој има лош старт и четири порази во низа. Вардарци се големи фаворити против тимот на Игор Котевски и се очекува без многу проблеми да ја оправдаат фаворитската улога и да запишат нови бодови.

Тимот на Прилеп кој има амбиции да стигне до плеј-оф, ќе му биде гостин на дебитантот од Автокоманда. Прилепчани остварија две победи, против Бутел Скопје и Вардар Неготино, додека во дуелите со Пролет и Вардар беа поразени. Овој дуел колку што е важен за избраниците на Божидар Мојсов, исто така е важен за младите ракометари на Иван Марковски, бидејќи со победа ќе излезат од големата криза.

Еурофарм Пелистер ќе биде домаќин на незгодниот Бутел, додека во малото градско дерби ќе се сретнат Пролет и Голден Арт. Двете екипи се во игра за едно од местата кои водат во плеј-оф фазата, па така во СЦ „Јане Сандански“ може да се очекува голема борба и неизвесен дуел.

Супер лига, 5. коло, распоред:

Група А
06/10, 19:00 часот, Алкалоид – Струга
07/10, 13:00 часот, Еурофарм Пелистер 2 – Аеродром
07/10, 15:00 часот, Скопје – Куманово
07/10, 19:00 часот, Тиквеш – Охрид

ПозЕкипаНПРЛБ
1АЛКАЛОИД11110033
2ВАРДАР 196111100130
3ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1190227
4ОХРИД1180324
5БУТЕЛ1160518
6ТИКВЕШ 20141151516
7ПРОЛЕТ1142514
8ПРИЛЕП1141613

Група Б
06/10, 18:30 часот, Вардар – Вардар Неготино
07/10, 17:00 часот, Голден Арт – Пролет 
07/10, 17:00 часот, Мулти Есенс – Прилеп
07/10, 17:00 часот, Еурофарм Пелистер – Бутел Скопје

ПозЕкипаНПРЛБ
1ГОЛДЕН АРТ1452717
2МУЛТИЕСЕНС1430119
3ВАРДАР НЕГОТИНО1420126

За случувањата во претходното коло може да прочитате на овој ЛИНК.