Прволигашкото дерби меѓу екипите на Астраион и Младост Богданци заврши без победник, 31:31.
И двете екипи во последните минути имаа шанса за да дојдат до три бода, но ниту една од нив не можеше да го направи вистинскиот чекор за да дојде до посакуваната победа.
Иако клубот од Струмица во најголемиот дел од натпреварот имаше резултатска контрола, на полувреме замина со предност од 17:14, сепак, гостите од Богданци со расположениот Чрчев и искусниот Роглев направија камбек во финишот и се изборија за голем бод.
Астраион во еден дел имаше и пет позитива, 25:20, пред се благодарение на цврстата одбрана. Во финишот од дуелот домаќините се опуштија и му дозволија на противникот да се врати во игра. Конечните 31:31 беа поставени на две минути пред крајот. Двете екипи во два наврати не успеаја да реализираат, па така дербито заврши без победник.
Кај Астраион најдобар поединец беше Васе Наков со 12 погодоци. Голманот на домаќините Мите Ристов имаше одлична партија со 16 интервенции. Кај гостите се истакнаа Илија Чрчев со 11 и Никола Роглев со седум погодоци.