Митревски одличен, сметката на Барса ја плати Аванка

Само 48 часа по пресметката со Барселона и поразот во Лигата на шампионите, Порто одигра натпревар од португалскиот шампионат.

Во натпревар од петтото коло, тимот на Никола Митревски славеше на гостински терен кај составот на Аванка со 35-28, откако на полувремето беше 17-15.

Во вториот дел на голот застана капитенот на Македонија и за триесетина минути успеа да собере осум одбрани од 21 шут кон неговиот гол, односно 38% успешност.

Порто сега има пет од пет во домашното првенство, а пред големото дерби со Бенфика на 7 октомври, ќе одигра уште еден меч против Агуаш Санташ.